Кој е вашиот совршен партнер врз основа на Хороскопски знак?

883

Стрелец

За врска: Со Лавот можете да остварите динамична и складна врска. Нему ќе му давате простор да се развива, а Лавот ќе знае како да ве заштити.

За авантура: Незаборавни моменти во креветот можете да имате со Близнаците. Колку сте во другите полиња различни, толку се вклопувате во ова.

Јарец

За врска: Со Бикот можете да имате стабилна врска. Верни сте еден на друг и се поддржувате во сè.

За авантура: Со Ракот страстите можат да пламнат во секунда – еден на друг никогаш нема да си досадите.

Водолија

За врска: Со Близнаците можете да имате однос кој никогаш не е монотон. И двајцата сте друштвени и слично размислувате.

За авантура: Лавот е тој кој може да ви овозможи незаборавни моменти. Кога ќе се најдете во иста просторија, зрачите со привлечност еден кон друг.

Риби

За врска: Со Ракот можете да имате однос полн со разбирање и почит, а водено и врска во која нема да ви недостасува романтика.

За авантура: На Девиците не можете да им одолеете, помеѓу вас постои хемија која веднаш ви го поматува умот.