Кој доаѓа во Мадрид? Реал гради мегатим – Зидан ја состави листата на желби, а Перез му даде 350 милиони евра

267

По дождот доаѓа сонцето, а во случај на Реал Мадрид, ова сонце треба да го довенесе Zinedine Zidane, кој по 10 месеци се врати на клубската клупа со која направи големи успеси. По напуштањето на клубот и Cristiano Ronaldo си замина, и сè тргна надолу, а претседателот Florentino Perez одлучи барем малку да ја намали штетата и да го врати големиот Zizu.

Освен Zidane, во клубот исто така се враќа политиката на доведување на мегаѕвезди. Реал повторно се врти кон галактиката и за тоа веќе е подготвено околу 350 милиони евра. Дополнителните пари за шопинг Реал ќе ги добие со продажба на некои играчи, а Marca пишува дека први на листата за отсрел се Gareth Bale и Dani Ceballos кои јавно биле против Зидан кога го напуштил клубот пред 10 месеци.

Двојката, секако, не е единствениот што ќе лета од Мадрид, но сигурно први се на листата. Zidane, наводно, на лидерите на клубот им рекол дека мора да ги задржат Bale и Marcelo кои веќе биле пред врата за одење и побарал некои засилувања. Меѓу засилувањата не е Neymar, за кој Zidane смета дека е голем играч, но му пречи што Бразилецот е склон кон побарувања и одење на годишен одмор среде сезона.

Во поранешните преодни рокови нема дојдено ниту една од големите ѕвезди, но сега би можело да дојдат сите расположливи. Шпанскиот As пишува дека сигурно во Мадрид доаѓаат барем три мегаѕвезди. Прв кој би можел да се појави е Christian Eriksen од Tottenham, кој веќе побарал да го напушти клубот во текот на летото за премин во Шпанија.

Освен Eriksen, на листата е и една друга голема долгогодишна желба на Реал, Eden Hazard од Chelse. Лондонскиот тим не смее да доведува нови играчи пред летото 2020, но проблемот преставува што Hazard има договор до истиот датум, што значи дека ако не го продадат ова лето, за година дена може да замине од клубот како слободен играч.

Дефинитивно најголема желба на Zidane е Kylian Mbappé, кој легендарниот Французин сакал да го донесе уште летото 2017 година, но побрзи беа од PSG, а сега Perez и пријателите многу скапо ќе ги чини. Mbappé веќе е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а има само 20 години. Оваа сезона постигна 29 гола во 33 натпревари и забележал 15 асистенции и така уште еднаш ја докажа класата. Mbappé би можел да биде иднината на Реал.

Во светските медиуми кружат уште неколку интересни имиња, па така France Football пишува дека Sadio Mane во Liverpool ќе биде првото засилување на Реал во новата ера на Зидан. 26-годишниот Сенегалец веќе некое време е на самиот врв, а оваа сезона постигна 17 гола во 36 натпревари и оствари три асистенции.

Сем Mane, наводно потврдено е доаѓањето на Éder Gabriel Militão, за кој Marca пред еден месец напиша дека е нов играч на Реа. 21-годишниот напаѓач оваа сезона за Порто играше 34 натпревари, постигна три гола и оствари две асистенции, а медиумите одамна го нарекоа “новиот Ramos“. Реал го платил 50 милиони долари ако им се верува на Шпанците.

Како сите овие ѕвезди да не се доволни. Реал сака да покаже дека сериозно размислува и да донесе бар уште два “галактички играчи”. Првиот е Paul Pogba од Manchester Uniteda, кој би можел да го чини тимот од Мадрид околу 150 милиони евра. 26-годишниот играч од средниот ред постигнал 14 гола во 36 натпревари и 11 асистенции.

За крај, потребен им е класичен шпиц, кој би бил долгорочна замена за Karim Benzema, кој во декември ќе наполни 32 години. Benzema е во клубот од 2009 година, а плановите на Зидан ќе остане како прв напаѓач, но покрај него полека би влегувала и неговата замена. Benzema постигна 22 гола оваа сезона на 44 натпревари и 8 асистенции.

Како негова замена би можел да дојде Harry Kane кој летово ќе наполни 26 години и се уште има многу да даде на највисоко ниво. Оваа сезона постигна 24 гола во 36 натпревари и 6 асистенции и ќе биде идеален наследник на францускиот напаѓач.

Многу веројатно Perez нема да може да ги исполни сите желбите на Zidane, но ако дојдат барем половина од овие играчи во клубот, Реал ќе изгледа значително поинаков од оваа сезона и најверојатно ќе се врати во самиот врв на европскиот фудбал.