Кога една жена треба да престане да оди по љубовни средби?

1417

5. Не се чувствувате среќна без маж во својот живот

Има жени кои имаат потреба од маж во својот живот, за да се чувствуваат живи и среќни. Јасно е дека мажите создаваат возбуда и еуфорија, но сепак тоа е предупредувачки знак дека ви треба друг човек да се грижи за вашата среќа, што е лошо.

Тоа е состојба на умот, што ќе ве однесе во погрешна насока. Треба да се борите да се засакате себе, па да се чувствувате добро, дури и кога сте сама.

6. Ви се зборува само за мажи

Ако мислите и зборувате само за мажот / мажите во вашиот живот, бидејќи сите други разговори ви се гледаат здодевни, значи вие сте од типот жени, кои секогаш се во врска, која сепак никогаш не трае долго.

Во даден момент ќе биде досаден пријател со приказните за вашиот љубовен живот. Луѓето ќе сфатат дека сценариото кај вас вечно се повторува – нов маж, нова врска, ново разочарување. Треба да престанете да го повторувате овој уништувачки модел!

7. Вие се чувствувате како во маѓепсан круг

Ако вашиот сопствен ограничен начин на размислување е причина да заостанувате во својот живот, тогаш треба да се обидете да излезете од сопствената стапица. Од тука натаму бидете повнимателни во однос на средбите и давајте шанса само на мажи, со кои би можеле да изградите вистинска врска.