-
Грижа
Некои деца ги расфрлаат своите играчки, грубо си играат со другарчињата и едноставно не се во години кога знаат да бидат внимателни со некои работи. Меѓутоа доколку вашето дете ја надминало таа фаза научило како да биде нежно и грижливо, тогаш можеби е подготвено за милениче.
-
Знаат да делат
Купувањето куче е како добивање уште едно дете и поради тоа вашето прво дете мора да биде подготвено да дели. Понекогаш домашното милениче ќе го бара вниманието на мама и тато, а можеби ќе посака и да има свои играчки.
-
Заштеда
Штедењето пари е голема работа за децата, особено бидејќи постојат толку многу работи кои би можеле да ги купат. Меѓутоа доколку се подготвени да штедат, за да купат милениче, кое многу долго го посакуваат, тоа е показател дека се одговорни и подготвени за дополнителна обврска.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















