Близнаци
Оваа дружељубива, интелигентна, но неодлучна дама има многу променлива натура. Оваа весела жена сака да е во центарот на вниманието каде и да оди, па вашиот предлог мора да биде во согласност со светлата на рефлекторите. Ќе успеете да ја импресионира жената Близнаци, ако го дадете предлогот за брак на убав социјален настан, каде ќе има многу луѓе, убава музика, танц, уметност и т.н. Овие дами сакаат да се смеат, да патуваат и да учат нови работи. Ако имате храброст, побарајте ја раката на оваа жена среде некаква манифестација – ќе ја импресионира.
Рак
Оваа емоционална, дипломатска и храбра дама има едноставни вкусови. Таа ќе ја оцени вашата понуда за брак, ако ја направите на старомоден начин – на клупа во убав парк, на вечера во романтичен ресторан или удобноста на сопствениот дом. Жената Рак е романтична и мечтателна, но не сака премногу помпезни нешта, имајте го тоа предвид. Добро е пред да го направите својот предлог, да ѝ кажете на вашата сакана дека се чувствувате навистина среќен што ја имате во животот и дека сакате да ја споделите староста со неа. Ако меѓу вас и жената Рак нема вистинска љубов и вистинска врска, таа можеби нема да го прифати предлогот.
Продолжува на страна 3



















