Британскиот сексолог Трејси Кокс им дава совети на луѓето во долгорочни односи за тоа како да го задржат посвеж сексуалниот живот.
Главните трикови според неа се жените да носат секси долна облека, паровите да користат секс играчки и никој да не биде егоист во кревет.
Направете ги сите клишеа и не бидете егоисти во кревет, ако сакате да бидете среќни со партнерот во долг рок.
А, еве ги и советите на Трејси:
1. Не се лажете дека здодевноста нема да го порази и вашиот пар
Една третина од паровите сметаат дека ќе успеат да го задржат брачниот секс возбудлив напред во времето, но на крајот и тие стигнуваат до рутината. Затоа бидете внимателни и не се залажувајте дека нема да се случи во сексот познатото и интимниот живот да стане здодевен и предвидлив. Паровите кои се среќни на сексуален план по години заеднички живот, работат на тоа да спречат сексот да стане рутински. Тие пробувааат нови работи, читаат различни секс совети и очигледно следат некои од нив.
2. Кажете “ДА” на клишеата
Советите како “носете секси долна облека” се доста ефектни и навистина ги задржуваат односите во двојката пожешки. Друг основен совет е да пробувате нови пози, секс не само во спалната соба и не само на изгасена ламба.
Продолжува на страна 2



















