Вашиот избор открива многу за тајните на потсвеста
Кривите патишта во лавиринтот претставуваат патишта кои ќе ги изберете за себе во животот. Кога сме тинејџери, најлесно е да се чувствуваме изгубени и збунети … сите тие слепи улици и погрешни скршнувања. Вашето доживување на лавиринтот зборува за начинот на кој се сеќавате на годините што ве довеле до зрелоста.
Височината на ѕидовите на лавиринтниот зборува за височината на вашата амбиција да ги решите предизвиците со кои се соочувате. Нискиот ѕид сведочи за вашата отворена личност. Кај вас луѓето доаѓаа во текот на цел ден. Високите камени ѕидови зборуваат за затворена личност. Сакате да бидете сами и не сакате гостите да ви доаѓаат ненајавени.
Издржливоста на материјалот од која е направена чашата ја преставува вашата перцепција за издржливоста на врската со лицето со кое сте дошле во шумата. Ако стаклото е пластично, вашата врска е краткотрајна. Ако чашата е метална, вашата врска е постојана и можете да се потпрете на таа личност. Стаклената чаша зборува за кршливоста на вашата врска.
Она што сте направиле со чашата, го претставува вашиот став кон личноста со која сте ја започнале прошетката. Ако сте ја оставиле, чувствувате оддалеченост. Ако сте ја земале со себе, со таа личност сакате да бидете блиски.
Ваш избор како сте дошле до излезот на лавиринтот
1. “Ова беше навистина лесно. Брзо го најдов излезот”.
Иако многу луѓе ги гледаат своите тинејџерски години како период на стрес и збунетост, но за вас тој период бил забавен. Не ви пречела потрагата по вашата сродна душа ниту сте биле оптоварени од врсничкиот притисок. Тоа, рака на срце, може да значи дека тестот за вистинскиот живот е пред вас.
2. „Ми требаше време да поминам низ него, но не беше страшно“.
Училишните денови не ви биле лесни. Како и повеќето млади, веројатно сте поминале многу ноќи грижејќи се за љубовта, пријателството и иднината. Тоа искуство ви помогнало да станете личност што сте денес, а лекциите што сте ги научиле ви помагаат во тешки периоди.
3. „Бев изгубен и за еден момент мислев дека никогаш нема да излезам“.
Иако сите во текот на растењето имале по некоја тешка година, вие вашите проблеми ги доведовте до крајност. Постојано сте се двоумеле околу проблеми и самите сте се измачувале со сомнежи. Тоа веројатно му дало црта на сериозност и длабочина на вашиот карактер. Сега е време да се опуштите и да уживате во животот. Вие го заслужувате тоа.
4. Лицето со кое шетав ме најде и ми го покажа патот. Во спротивно, можеби сè уште ќе бев внатре.
Причината за задоволство во вашиот сегашен живот лежи во пријателите што сте ги сретнале и во односите што сте ги формирале во младоста. Како и секој, сте имале грижи, но секогаш за вас тука бил некој на кој сте можеле да се обратите кога ви било тешко. Бидете благодарни за среќата што ја имате досега. Сега е на ред да ја возвратите услугата и да им помогнеме на другите кои имаат потреба.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















