Јаболкото и зелениот чај чуваат од рак и срцеви напади

1291

Истовремената дневна консумација на јаболка и зелен чај го зајакнуваат значително организмот и штити од разни болести.

Тоа го констатирале научници од британскиот Институт за прехранбени истражувања.

Истовремената употреба на двата производа произведува поголемо количество полифеноли, кои ја блокираат работата на сигналната молекула VEGF, раскажува “Телеграф”.

Оваа молекула одговорна за патолошки процеси во крвта, кои се поврзани со развојот на ракот, атеросклеротични наслаги, формирање на забен камен и можат да доведат до инфаркти и мозочни удари.

Научниците ја истакнуваат користа од јаболкото и зелениот чај и во претходните истражувања, но во новата студија за прв пат беше целосно блокирана работата на VEGF.

Освен тоа благодарение на полифенолите се активираат ферменти, кои се задолжени за проширување и заштита на крвните садови од инвалидност.

Друго пак истражување покажа дека лекарите препишуваат помалку рецепти на пациенти кои јадат едно јаболко дневно.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.