И вредеше за напорот, бидејќи нѐ научи дека не постојат многу работи низ кои не можеме заедно да поминеме. Сега се чувствувам многу подобро поради мојата способност да комуницирам со него, но и со сите други луѓе околу мене. Можеби се прашувате дали овој дополнителен напор околу комуникацијата го зголемува стресот и задава дури и повеќе работа, дали не би било полесно само да се избегне драмата и љубоморните испади?
Но, тоа, исто така, би значело дека не можам да го поминувам времето со драг пријател со кој по пат уживам и во сексот и кој ме потсетува дека сум всушност сексуално битие. Џеј и јас не западнавме во сексуалната рутина и се надевам дека никогаш и нема. Не нѝ одат на нерви лошите навики на другиот. Не мора да се грижиме за валканите алишта на другиот партнер, или за тоа кој од нас штом ќе се врати од работа ќе намине во продавницата по намирници. Ние само треба да се фокусираме на тоа како другиот да го направиме среќен.
Џеј е страстен и искусен сексуален партнер, која ужива во сексуалните авантури кои му ги нудам, а не очекувам сериозно врзување за возврат. Тој вносува возбуда во мојот живот, а јас потоа можам да се свртам и да ја однесам возбудата дома, на Остин. Сите во добивка! Со години, психологот ми велеше дека треба да одам на одмор, да се одморам од сите обврски и стресот. А сега, кога ќе почувствувам дека сум под премногу стрес, само заминувам кај Џеј и поминувам време со него една или две ноќи.
Потоа можам да се вратам дома и навистина да уживам без стрес. Џеј и јас сме стари пријатели, и таа удобност која ми носи вечер помината во неговата куќа со една чаша вино, без никакви обврски, прави нешто магично со нивото на мојата анксиозност. Како одеднаш да се сетам како треба да дишам, како да се смеам и како да уживам во тоа. Џеј секогаш ме потсетува, преку нашите разговори и на смеењето, како да бидам нежна и ранлива.
Иако сум сега со Џеј, јас уживам во овој вид на врска веќе 10 години, многу порано пред да го сретнам Остин. Се обидов неколку пати да се вклопам во моногамијата, но сосема сум убедена дека сум подобра сопруга откако имам љубовник, и немам ниту најмала намера да престанам во скоро време.”
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















