Сепак, таа ми ги даде старите работи на своите ќерки, два пати поголеми од мене, а го побара мојот накит, кој го продаде и парите ги задржа за себе.
Тие не ми дозволија да продолжам со школувањето. Ми наредија да ја чистам нивната куќа, да подготовувам за нив оброци и да ги чистам куќите на нејзините три ќерки. Се грижев и за нивното куче иако отсекогаш се плашев од кучиња.
Пари не добивав ниту за основните хигиенски работи – наместо да купам влошки, ги кинев работите за да ги користам како партали.
Најлошо од сѐ беше односот со сопругот. Сакаше да гледа порнографија. И тоа секоја вечер.
После тоа, ме земаше грубо и ме исфрлаше од креветот во 03:00 часот наутро за да му направам тост и да му сварам чај. Исцрпена секако морав да се будам наутро и да правам доручек за сите, а во остатанатиот дел од денот да ја чистам куќата.
Јас не се плашам од напорна работа и се обидувам да бидам позитивна. Меѓутоа, никој не ми упати ниту еден убав збор, постојано на мене само викаа.
Кога се обидов да му објаснам на сопругот колку сум несреќна, тој на членовите на неговото семејство им кажуваше дека се жалам на нив. Тогаш, тие беа дури и посурови кон мене.
Мојот сопруг стана насилен и ме тепаше. Иако готвев, смеев да ги јадам само нивните остатоци, па со тежината паднав на само 45 кг.
Единственото суштество кое имаше убави чувства и кое ми обрнуваше внимание беше кучето.
Знаев дека ќе умрам ако побегнам, а потоа дознав нешто: јас бев бремена.
Продолжува на страна 3


















