За жените едно од најважните нешта во врската е да знаат дека се сакани и ценети. Да чуеш “те сакам” е повредно од сè на светот.
За мажите, сепак има и други работи кои се дури и поважни од познатото “те сакам”. Гестовите кои се ценат најмногу и преку кои ја доживуваат љубовта на понежните половинки се многу поелоквентни од зборовите.
Омиленото јадење
Љубовта на мажите поминува низ стомакот и тоа е апсолутна вистина. Тој ќе се чувствува многу подобро, ако кога ќе си дојде од работа го почувствува мирисот на омилениот оброк, отколку ако го пречекате со зборовите “те сакам” уште од вратата.
Целосно внимание
Машкиот мозок е создаден да може да се фокусира во една работа. Малку мажи можат да прават подеднакво добро неколку работи истовремено, за разлика од жените, кои се како дизајнирани за мултитаскинг.
Ако за време на состанокот или на вечера гледате во телефонот додека мажот ви зборува нешто, тој би го прифатил како незаинтересираност од ваша страна, иако вие многу добро слушате што ви зборува тој, додека читате нешто во уредот.
Целосното внимание од страна на жените е едно од највредните нешта за мажот, бидејќи го тера да се чувствува посебен, вреден и почитуван.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2