Кога почнувате да ја губите љубовта кон некого, тоа е навистина болен процес и за вас, бидејќи се сеќавате колку всушност сте ја сакале таа личност.
Чувството е навистина непријатно и би сакале да можете да го запрете целиот тој процес и да зачувате барем дел од емоциите. Но, понекогаш сето ова се случува преку ноќ – се будите и сфаќате дека вашето срце веќе не чука за некоја личност.
Четири хороскопски знаци се типични за овој опис. Тоа не значи дека тие не знаат да сакаат и не можат да воспоставуваат долги врски. Едноставно, кај нив „ладењето“ е практично неповратен процес.
Не обвинувајте ги за тоа, бидејќи во голем дел од примерите ниту тие не сакаат да се одљубат:
Близнаци
Кај нив емоциите се како променливо време. Еден ден се бура, а следниот ден се ведар ден. Вистина е дека и во врските може да бидат и врели и студени и тоа може да ве доведе до раб на лудило.
Умеат да го ценат она што срцето им го кажува, но многу повеќе се потпираат на својот мозок. Затоа и врската со нив се движи од една во друга крајност. Прашање е колку вие можете да го поднесете тоа.
Вага
Вагите фантазираат за љубов која ќе ги раздвижи сите нивни сетила и ќе ги собори. Но, кога се во врска и кога ќе станат дел од рутина, многу брзо го губат интересот.
Ова се должи на нивната страственост. Навиките и рутините за Вагите значат дека веќе нема хемија и поврзаност меѓу нив и партнерот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















