ГНОЈНАТА АНГИНА ЛЕСНО СЕ ЛЕКУВА ПРИРОДНО | Овие домашни рецепти ќе ве спасат за миг

29144

Пред да користите домашни билни чаеви кои ја олеснуваат борбата против оваа болест, потребно е добро да се одморите и да спиете доволно. Спијте најмалку 7 до 9 часа секоја вечер. Ако вежбате или се занимавате со некои спортови, направете пауза и што е можно помалку заморувајте го телото. Обидете се да го намалите стресот на минимум и добро да ги одморите умот и телото.

Одржувајте добра хидратација на телото со пиење што е можно повеќе течност – чаевите би биле идеални, но самата вода ќе ви помогне. Внимавајте да не пиете премногу топли или премногу ладни пијалоци кои може дополнително да го иритираат вашето грло. Покрај тоа, обидете се да го зајакнете вашиот имунитет со здрава храна богата со витамини, протеини и антиоксиданси.

Постојат неколку совети и рецепти за природно лекување на гнојната ангина.

1. Пијалок од цвекло

Овој лек потекнува од руската народна медицина и за него ќе ви требаат: едно поголемо цвекло и 9% алкохолен оцет.

Подготовка: Цвеклото изрендајте го колку што можете поситно и додадете една лажица оцет. Најдобар сооднос би бил на 250 грама цвекло една лажица оцет. Добро измешајте ја смесата и оставете ја да отстои до 20 минути. Потоа, процедете ја смесата низ пластична цедалка или преку газа во сад. Ако немате алкохолен оцет, можете да користите и сок од лимон.

Овој пијалок не е наменет за пиење туку се користи за плакнење на грлото. Најдобро би било да го користите на секои 2-3 часа ако случајно го испиете, нема да имате проблеми, но нема да ви се допадне непријатниот вкус.

2. Топла солена вода

Плакнењето на грлото е неопходно за време на гнојна ангина и многу ќе ви помогне топлата вода која делува смирувачки, додека солта ќе помогне да се убијат вирусите или бактериите и да се намали воспалението.

Подготовка: Измешајте една кафена лажичка кујнска сол во чаша топла вода. Оваа течност не треба да се пие туку се користи за гаргара. Повторете на секои 2-3 часа за подобри резултати.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 3