Гледањето на порно кај мажите е поврзано со незадоволеност во врската

966

Истражување покажува дека мажите кои гледаат често порно е поверојатно да се почувствуваат несреќни и незадоволени во врските.

Тоа сепак, не важи за жените.Научниците спроведоа мета-анализа на 50 студии, кои ја истражуваат врската помеѓу афинитетот кон порнографија и задоволеноста на човекот.

Тие опфаќаат 50 000 лица од 10 земји во светот и упатуваат на “меѓучовечките аспекти на сексуалното и релационо задоволство и интраличните аспекти на телото и самозадоволувањето”.

По направените студии научниците дошле до заклучок дека гледањето на порно од мажите е директно поврзано со нискиот степен на задоволеност во интимните врски. Но само кај нив.

Се покажало дека кај жените желбата за гледање на порнографски материјали не е на никаков начин поврзана со среќата во нивните односи со партнерот. Според научниците од Универзитетот во Индијана и хавајскиот универзитет, причина за различното влијание на порното во сексуалните односи кај двата пола е предизвикано од фактот дека мажите си градат полесно нереални претстави за сексот и потоа остануваат разочарани.