Факти за контрацепцијата кои не ги знаете

1436

4. Таблетите ја промениле побарувачката на градници.

Неколку години по дебито на контрацептивни таблети, производителите на градници забележале нешто чудно – големината на градите на дамите се зголемила. Секако, ова не е само коинциденција, бидејќи еден од страничните ефекти на пилулата е токму поголемата биста. Од 1960 година до 1969 година продажбата на поголеми градници се зголемила за 50 отсто.

5. Плацебо седмицата е целосно непотребна.

Истражувачите решиле да стават т.н. плацебо таблети во пакувањето орални контрацептиви, бидејќи стравувале дека ако жените немаат месечен циклус, ќе го сметаат апчето за многу неприродно. Но, факт е дека како што пилулата ја спречува овулацијата, така може и целосно да го елиминира крварењето.

6. Мажите исто така пробале пилула.

Мислејќи дека мешањето на одредени хормони може да влијае позитивно и на мажите, истражувачите одлучиле да ја тестираат контрацепцијата и на претставниците на посилниот пол. Експериментот бил прекинат брзо, бидејќи дел од резултатите го покажале намалувањето на тестисите и големи промени во расположението.

7. Таблетите го менуваат начинот на кој изгледаат семејствата.

Веднаш по појавата на пилулата, големината на семејствата веднаш опаѓа. Пред пилулите типичната Американка имала во просек 3,7 деца, додека сега бројките покажуваат – 1,9 деца.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.