6. Носете памучна долна облека
Кога надвор е топло, потењето во подрачјето на гениталиите се зголемува, па доаѓа до појави како чешање, зголемен вагинален секрет и пецкање. Задолжително носете долна облека од чист памук, затоа што тој пропушта воздух и ја упива потта. Мокрите костими за капење веднаш да се соблечат и да се облечат суви.
7. Внимавајте на исхраната
За толите денови се препорачува лесна хана и што повеќе вода и овошје. Тоа за бремените жени е задолжително, како и правилото дека треба да јадат малку, но често.
8. Натопете ги стапалата
Доколку навечер стапалата ви се отечени и болни, подгответе бања – во студена вода ставете една до две лажици морска сол, малку рузмарин и неколку капки екстракт од див костен, а потоа држете ги нозете во водата неколку минути.



















