Малку познати ментални нарушувања кои треба да ги знаете

126

Денес, бариерите полека се рушат и многу луѓе повеќе не се плашат да разговараат отворено за менталните болести.

Не е чудно тоа што најчесто дискутираните нарушувања се оние кои се најмногу застапени, како што се депресијата, анксиозноста и нарушувањата во исхраната.

Но, постојат и многу други ментални болести за кои помалку се зборува, иако би требало да знаеме дека постојат. Тие не се толку чести, меѓутоа важно е да бидеме свесни за нивното постоење за да можеме да ги препознаеме. Во продолжение прочитајте за помалку познатите ментални болести на кои треба да им се обрне повеќе внимание…

Синдромот на Минхаузен

Луѓето со ова опасно нарушување намерно си предизвикуваат симптоми за физички да се разболат. Тие имаат интензивна потреба да се преправаат дека се болни или повредени и одат до екстреми за да го постигнат тоа, се повредуваат себеси или подлегнуваат на болни медицински тестови и процедури. Важно е да се напомене дека ова нарушување е многу поразлично од хипохондријата. Хипохондриците вистински веруваат дека се тешко болни, додека, пак, оние кои патат од ова нарушување знаат дека не се.

Луѓето со синдромот на Минхаузен имаат голема, но непостојана медицинска историја, променливи симптоми, навика да бараат терапија во голем број различни клиники и болници и влошувања веднаш штом нивното здравје се подобри. Тие може да поседуваат големо знаење за болниците и медицинските термини. Исто така, без проблем подлегнуваат на медицински процедури и операции, дури и кога истите се многу болни.

Причината за појавата на синдромот на Минхаузен е непозната, но многу експерти ја поврзуваат со запоставеноста во детството и историја на вистински физички болести за кои била потребна хоспитализација. Најчеста е кај младите луѓе, но не постојат точни податоци за нејзината застапеност. Тоа е така поради фактот што болеста се заснова на лаги и тешко е да се воспостави конечна дијагноза. За да се излечи потребна е терапија со цел да се идентификуваат емоционалните проблеми кои лежат зад неа и предизвикуваат пациентот да се преправа дека е физички болен.

Продолжува на страна 2