Еве како да се справите со горештините во бременоста

42

Бремените жени се соочуваат со големи тешкотии за време на летните топли месеци.

Тешки нозе, отечени стапала и вртоглавица, се само некои од типичните летни тегоби. Следуваат осум совети како да се справите со нив.

1. Пијте многу течности

Надобар начин за намалување на отоците на рацете и нозете е зголемување на количината на течности. Веднаш по станувањето на празен стомак треба да се испие една чаша вода, а во текот на денот намалку два литра. Покрај водата пијте и природни сокови, затоа што ја намалуваат жедта, полни се со витамини и ја стимулираат микроциркулацијата.

2. Пливање

Не е важно дали ќе пливате во море или во базен, важно е да се освежите, ќе се ослободите од чувството на тежина во нозете и болките во грбот. Додека пливате водата го масира телото, ја поттикнува циркулацијата и го регулира дишењето. Секако не смее да се претерува со пливање, ниту со времето поминато во вода, но 50 метри лесно пливање нема да ви пречи.

Продолжува на страна 2