Еве една интересна приказна … Поучна приказна

940

Еден познат говорник го започнал својот семинар со кревање на банкнота
од 50 евра. Присутни 200 луѓе.

Кренал глава, ги погледнал присутните и прашал: “Кој ја сака оваа банкнота?” Сите ги кренале рацете.

Тој продолжил: “Ќе ги дадам овие 50 евра на некој од вас, но најнапред уште нешто би направил”. Тој ја стуткал банкнотата.

А потоа пак прашал: “Дали сѐ уште ја сакате?” И понатаму рацете биле кренати.

Повторно ги погледнал: “Внимавајте сега. А ако ова го направам, дали пак ќе ја сакате?” Ја фрлил банкнотата и со чевлите ја втрил во валканиот под,

Ја кренал онака стуткана и валкана, и прашал:

“Добро, кој уште сака ваква банкнота?” Рацете на сите присутни сѐ уште биле кренати.

Од настанатата ситуација говорникот изнел заклучок:

“Драги пријатели, во моментов научивме една многу важна лекција.

Што и да сторев со оваа банкнота, вие и понатаму ја сакавте затоа што во ниту еден момент не ја згаубила вредноста.

Каква и да е, нејзината вредност секогаш изнесува 50 евра!

Често ни се случува во животот некој да не отфрли од себе, да паднеме ниско, да се чувствуваме згужвани и фрлени во калта. Ова се факти од секојдневниот живот. Понекогаш се чувствуваме како да не вредиме ништо.”

Без разлика што ви се случило во животот или ќе ви се случи, вие никогаш нема да ја изгубите вредноста.

Дали биле валкани или чисти, згужвани или испеглани, вие сѐ уште сте
непроценливи за сите оние кои ве сакаат … повеќе од било што на светот.

Нашите животи не се вреднуваат по она што работиме или кого познаваме,
туку по она што сме.

Вие сте нешто посебно
… запомнете го тоа!

Бројте ги вашите достигнувања, а не вашите проблеми и грижи.

Не двоумите се да пробате нешто ново.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.