Едноставен и совршен колач од вишни и јогурт

2633

Овој десерт со сигурност ќе ве освежи во топлите летни денови, а и ќе го задоволи вашиот апетит за слатко.

Потребно

• 500 гр. брашно
• 250 гр. јогурт
• 3 јајца
• 120 гр. путер
• 180 гр. шеќер
• ½ кесичка прашок за пециво
• 2-3 лажички јогурт
• кора од лимон
• 100 гр. лешници или бадеми
• ½ кг. исчистени зрели вишни
• шеќер во прав

Подготовка

  • Обложете го калапот со хартија за печење.
  • Во еден сад, изматете ги јајцата, шеќерот и путерот.
  • Додадете го брашното помешано со прашокот за пециво, јогуртот и изренданата кора од лимон па измешајте.
  • На крајот изматете ги белките, а потоа со нежно мешање додадете ги во смесата, заедно со измелените лешници или бадеми.
  • Излејте ја смесата во калапот и распоредете ги вишните по површината.
  • Печете го колачот 25-30 минути на 200 Целзиусови степени додека не добие златножолта боја.
  • Кога ќе се излади, по желба наросете го со шеќер во прав.
Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.