БРЗАНОВ АРТИЗАН ВИНАРИЈА е добитник на престижната награда најдобро црвено вино на Балканот со виното “ARTISAN SYRAH 2016” во организација на BIWC –Balkans International wine competition and festival.
На натпреварот учествуваа преку 260 винарии и повеќе од 1000 примероци на вино од сите земји на Балканскио полуостров како Турција, Бугарија, Романија, Грција, Албанија, Србија, Црнагора, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Словенија и Македонија.
Доделувањето на наградите се одржа во Софија, Бугарија, а комисијата се состоеше од реномирани судии од целиот свет.