Еден од седум мажи има рак на простата

254

Над 1,1 милиони мажи во светот имаат рак на простата. Тоа се околу 8% од сите заболени од рак и околу 15% од случаите на канцерогени заболувања кај мажите.

Во мнозинството – 68% – од дијагнозата е поставена во развиените земји, како Франција и Новрвешка кои предводат листата. Ова покажува статистиката на Светската организација за истражување на ракот (WCRF) од 2012 година.

Поводот за сеќавањето и е почетокот на месецот за борба против ракот на простатата – ноември. Иницијативата, чија цел е да ги информира мажите за опасноста од овој вик рак и да ги потсети да се прегледаат, доби популарност во изминатата деценија со движењето movember.

Само во Европа, секоја година се дијагностицираат 2,6 милиони нови случаи на рак на простата, а во Бугарија тоа се 10% од сите онколошки заболувања. Еден од 7 мажи е дијагностициран со оваа болест, а 1 од 38 мажи во светот умира од рак на простата, според информациите на специјализираниот сајт urology.bg.

Терминот movember се раѓа уште во 1999 година, но најголем замав зема по 2004 година Идејата е на група Австралијци кои ги предизвикуваат мажите да си пуштат мустаки со добротворна цел во рамките на месецот. Движењето сепак стана светска сензација во средината на 2000-тите и оттогаш досега за каузата се донирани над 174 милиони долари.

Во 2010 година само во САД беа собрани над 7,5 милиони долари, но во 2011 година Канада се надминува рекордот. Најмногу случаи на рак на простата се регистрираат во поразвиените земји. На прво место за 2012 година е задморскиот посед на Франција Мартиник со 227 лица со рак на простата на 100 илјади, проследено со Норвешка (129/100 илјади) и Франција со 127 болни на 100 илјади.

Во светскиот топ 20 се исто Швеѓаните , Австралија, Ирска, Швајцарија, САД, Финска, Естонија, Порторико, Данска, Белгија и уште неколку места на Франција. Објаснувањето за големиот број дијагностицирани во развиените земји според светската организација посветена на онколошките болести, е тоа што веќе има многу многу прецизни тестови кои можат да ги фатат малигните болести без да се пројавени какви и да се симптоми.

На овој начин и лекувањето на болеста станува многу полесно и успешно, но клучен услов се редовни превентивни прегледи, потсетуваат од организацијата. Колку е повозрасен еден човек, толку веројатноста да биде дијагностициран со оваа болест станува големa.

Болеста е исклучително ретко под 40 години и со возраста фреквенцијата се зголемува – од 29% по 60-тата година, до над 75% по 80-тата. Всушност се смета дека околу 80% од мажите над 80 години имаат рак на простата. Во оваа фаза здравствените работници стигнале до заклучок дека освен фамилијарна предиспозиција, клучен фактор на ризик е и прекумерна тежина.

Поради тоа оваа година месецот за борба против оваа болест ќе протече со повикот за повеќе спорт и движење во секојдневниот живот. Со оваа идеја организаторите користат и играта на зборови MOVEmber (од англ. Move – преместува), за да предизвикаат посилниот пол да биде активен и да се одржува во добра здравствена состојба.