ДУРИ 130 ПАТОГЕНИ | Дали е безбедно да се јаде храна на која слетала мува ? Една разлика е клучна, а еве како да дознаете дека сте заразени

510

На масата убаво е сервиран ручек што сте го приготвиле и уште не сте го земале првото залче, одеднаш слетува мува на храната и брзо одлетува.

Се прашувате дали вашата храна и понатаму е безбедна за јадење, а експертите се со одговор на тоа прашање.

Иако постои мал ризик да се разболите, постојат некои фактори кои треба да се земат предвид во такви ситуации.

IFL Science пишува дека мувите повраќаат кога ќе слетаат на вашата храна, плукаат плунка богата со ензими за делумно да ја раствори храната и да ја шмука преку устата.

Мувите се хранат со органски материјал кој се распаѓа, кој вклучува гнила вегетација, сурово месо и купишта измет, што значи дека содржат и голем број бактерии од кои може да се разболите.

Мувите пренесуваат бактерии

Во една ревизија биле идентификувани дури 130 патогени за домашни муви. Тие вклучуваат габи, вируси, паразити и бактерии, од кои некои видови се сериозни и опасни по живот.

Голема закана во многу делови од светот е ризик од патогени преку храната. Овие микроби може да предизвикаат непријатно труење со храна што може да предизвика повраќање, дијареа, гадење, болки во стомакот и треска.

Во студија од 2022 година, научниците собрале повеќе од 100 домашни муви од фарма во New York и откриле дека тие се натоварени со низа патогени кои се пренесуваат преку храната кои влијаеле на човековото здравје, вклучувајќи Salmonella, Escherichia coli, Staphylococcus aureus, Bacillus cereus и Bacillus subtilis.

Здрава човек може да се разболи

Дали има доволно од овие патогени за да се разболи здрава личност зависи од тоа колку муви слетале на храната и колку долго останале.

Ако една мува има краток контакт со свежо зготвената храна, повеќето здравствени експерти би рекле дека тоа не е голем проблем и дека храната не треба да се фрла, но ако рој муви се гостат на вашиот оброк со часови, тогаш најдобро е да користите здрав разум и да ја фрлите храната.