Докажано делува | Еве како ќе го подобрите расположението во само неколку минути

1310

Кога ќе се најдете во стресна ситуација, пробајте некои од предложените совети и за само три минути ќе се чувствувате подобро.

Поврзаноста на умот и телото одамна е докажана, а тоа секојдневно го потврдуваат бројните научни истражувања. Резултатите покажуваат дека нашите емоционални искуства можат да имаат негативен ефект врз нашето здравје. Но добра е веста дека и најлошото расположение, можете да го поправите за многу кратко време.

Релаксирајте се свесно и ставете се во движење

Кога сте под стрес, мозокот на телото му испраќа сигнали кои го подготвуваат за борба, па се напнува секој мускул во телото, а пулсот се забрзува. На сето тоа, нашиот здив станува поплиток. Тоа е состојба која исклучително го исцрпува телото, па би било добро што поскоро да се запре. Како? Всушност многу е едноставно. Кога ќе ги забележите сите овие сигнали, потсетете се дека тоа е таа состојба. Тогаш свесно одлучете дека ќе се опуштите – почнете да дишете подлабоко, насочете ги мислите на нешто што нема да ве плаши и менувајте ја положбата на телото. Заземете поинаква положба од онаа во која се наоѓате, а ако воопшто е можно, направете неколку склекови, истегнете ги рацете и нозете и раздвижете ги рамениците. Таквите акции ќе испратат порака до мозокот дека ситуацијата не е опасна и затоа треба да престане да испраќа сигнали за борба и напнатост.

Насмевнете се – особено кога тоа навистина не сакате да го направите

Еден будистички наставник еднаш рече: “Понекогаш радоста е причина за насмевката, а понекогаш насмевката може да биде причина за радост. Неговата изјава ја потврдуваат истражувањата – кога се смеете, дури и со сила, се забавува работата на срцето и се намалува нивото на стрес во телото. Насмевката испраќа сигнал до телото дека сѐ е добро и дека можете да се релаксирате. Значи, следниот пат кога сте во лошо расположение, насмевнете се и насмевката да биде најголема кога и најмалку го сакате тоа.

Пешачете и седете исправено

Едно американско истражување покажало дека луѓето се чувствуваат посигурни кога одат или седат исправено. Со таквиот став на телото се намалува лачењето на хормоните на стресот и за многу кратко време се чувствувате подобро. Иако научниците не можат целосно да објаснат зошто е тоа така, фактот дека делува – исправеното седење и одење ќе направат да се чувствувате подобро во своја кожа.

Ставете ја раката на срцето

Допирот е можеби најмоќната алатка за исцелување. Најубаво ви е кога ќе ве прегрне некој кој ви е драг, но можете да си помогнете и самите на себеси. Кога сте во исклучително стресен момент, ставете ја раката на вашето срце. Ако тоа е непријатно за вас, обидете се нежно да ја истриете главата или рацете. Ваквите движења на мозокот и телото му ја испраќаат следната порака: “Ова е сега исклучително болен момент, но ќе помине и сѐ ќе биде во ред.” Луѓето кои го провериле овој метод, се колнат дека делува.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.