Докажана користа од медитеранската исхрана за срцето

1175

Медитеранската исхрана со висока содржина на овошје, зеленчук, риба и нерафинирани производи е поврзана со помал ризик од срцеви напади и удари кај луѓето со болести на срцето.

До овој заклучок стигнале меѓународен тим научници од Нов Зеланд, Шведска, Франција, Данска, Канада и САД. Употребата на корисни производи игра поважна улога од избегнувањето на штетните производи кај западната исхрана, станува јасно од написот објавен во списанието European Heart Journal.

Во истражувањето учествувале повеќе од 15 000 луѓе со кардиоваскуларни болести од 39 земји низ целиот свет. Просечната возраст на волонтерите била 67 години.

При испитувањето научниците разјаснуваат колку често во менито присуствуваат риба, месо, млечни производи, цели зрна, десерти, колачи, газирани пијалоци, пржена храна и алкохол.

“По читањето на факторите кои можат да влијаат на резултатите, откривме дека секое зголемување на показателот на медитеранска диета со една единица е поврзано со намалување на ризикот од срцеви напади, удари или смрт од кардиоваскуларни и други болести со 7%”, забележува Ралф Стјуарт од универзитетот на Окленд.

Научниците сметаат дека луѓето со кардиоваскуларни болести треба да посветат повеќе внимание токму на здравата исхрана, а не на нездрави производи.