Природниот мирис на косата е непријатен проблем за многумина. Иако мирисот кој зрачи од скалпот е природен, секој човек се плаши од него.
Лошото е дека косата впива и други мириси кои дополнително го влошуваат нејзиниот мирис. Таквите мириси се чадот, лакот за коса, балсамот, потта, мирисот на храна и уште многу други.
Како дополнителен проблем се јавуваат бактериите и габите, кои наоѓаат средина за раст во основата на косата. Влажноста на влакното и скалпот создаваат поволна средина за развој на бактерии, кои уште повеќе придонесуваат за непријатниот мирис емитиран од косата .
Како да се отстрани овој проблем?
Раствор со оцет
Во сад со вода измешајте оцет, масло од чајно дрво и неколку капки масло од лаванда. Истурете го овој раствор во шише со распрскувач и напрскајте во коренот на косата после тренингот или кога ќе почувствувате дека емитувате непријатен мирис.
Суви корени
Бидете сигурни дека сте ја избришале добро со памучна крпа основата на косата по миењето. Влажните корени и влакна се предуслов за размножување на бактерии и габи, кои се и најчестата причина за првут.
Тие можат да го влошат мирисот на косата, па дури и да го спречат мирисот на парфемот. Дури и да не ја сушите косата со фен е добро да ја оставите косата да се исуши на воздух. Во никој случај не ја врзувајте или стилизирајте, пред да е исушена целосно.
Не користете премногу шампон
Користење на премногу големи количини шампон при миење доведува до хиперпродукција на себум, кој го олеснува развојот на бактерии. Дистрибуирајте рамномерно мала количина шампон врз целата коса.
Алое Вера
Со прсти нанесете тенок слој гел од Алое Вера врз косата, кога ќе почувствувате дека зрачи мирис. Гелот од алое вера се бори ефикасно со мирисот и сушењето во косата и кожата на главата.



















