Дојде долгоочекуваниот крај | Во некои делови на Британија забрането e да се тепаат деца

1416

Физичкото малтретирање деца официјално стана нелегално во некои делови на Британија.

Физичкото казнување на децата од вчера стана нелегално во Wales.

Сите форми на физичко казнување се прогласени за незаконски според Законот за деца. Ова го означува крајот на одбраната на вообичаеното право на разумна казна.

Заштита на децата

Децата ќе имаат иста заштита од злоупотреба како и возрасните, а законот ќе важи за сите кои ќе го посетат Wales.

60 нации се приклучуваат на таквите забрани. Премиерот Mark Drakeford рече дека:

„Нема повеќе сиви зони. Тоа е се во минатото. Во модерен Wales нема место за физичко казнување“.

Шкотска воведе таква забрана во ноември 2020 година.

Претходно во Wales, како што сè уште е случај во Англија и Северна Ирска, удирање дете е нелегално, но таков напад е дозволен сè додека тоа претставува „разумна казна“.

Пресуда за физичко малтретирање деца

Прифаќањето на одбраната зависело од околностите на секој случај, земајќи ги предвид факторите како што се возраста на детето и природата на контактот, вклучително и тоа дали оставило црвена трага, било извршено со тупаница или предмет како што се стап и ремен.

Заменик-министерката за социјална заштита Julie Morgan го нарече овој ден историски момент за децата и нивните права во Wales, пренесува The Sun.