Дизелот и мазутот повторно поскапуваат

397

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република С. Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87% во однос на одлуката од 31.8.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек намалување кај бензините за 0,323%, кај дизелот зголемување за 4,575%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,647% и кај мазутот зголемувањето е за 3,754%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,486%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,489 ден/кг и сега ќе изнесува 45,031 ден/кг.

Од 4.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 45,031 (денари/килограм)