Девица на 29 години останала трудна

1003

Дваесет и деветгодишна жена која немала сексуални односи, е бремена и треба да се породи во јуни.

Жена од религиската заедница Манитобан во канада, која го откри само имети – Лорен, остана бремена со помош на донаторска сперма, пишува Vice.

Лорен наведува дека не останала трудна од религиски причини.

„Напротив, другите ми велеа дека не можам да имам дете оти не сум мажена. Но, изложувањето на состаноци за мене стана бесмислено“, вели Лорен.

„Се сеќавамд ека отидов на еден сајт за запознавање и првата порака што некој ми ја прати беше: „Дали сакаш да дојдеш и да ми седнеш на лице?“. Се запрашав дали на некој му пошло од рака некого да намами на тој начин?“, додава Лорен.

Доктор Гита венкат од клиниката за вештачко оплодување „Харли стрит“, изјави дека до сега немале таков случај, и дека процедурата во тој случај се разликува по тоа што оплодувањето не може да се изврши по вагинален пат.

„Во тој случај се прави скенирање на абдоменот, анализа на крвта, се проверува нивото на хормони. Потоа собираме јајце клетки по абдоминален пат“, вели Венкат, и додава дека ваквата процедура на влијае на развојот на плодот.

„Компликациите кои можат да настанат се како и кај сите други. Во прашање е бременост како и секоја друга“ вели Венкат.

Едно истражување од 2013 година покажа дека една од 200 жени во САД останува бремена без сексуален однос.

Од тие жени, 31 отсто рекле дека се заветувале на невиност, обично од религиозни причини.