Македонците користат лубриканти и секс играчки и се претпазливи при сексуалниот чин

1302

Голем број од Македонците преферираат да користат лубриканти и други сексуални помагала, покажа истражувањето спонзорирано од Дурекс, глобално најпознатиот бренд за презервативи.

Анкетата спроведена на репрезентативен примерок од 811 испитаници, уште покажа дека Македонците се претпазливи и внимателни, 70% или 566 од испитаниците при сексуалниот чин задолжително користат кондоми.

Едуцирани се и запознаени со различните типови кондоми, соодветно на желбите како и за мултифункционалната намена на лубрикантите.

Во доделувањето довербата, најчесто го избираат брендот Дурекс и најмногу ги купуваат и користат производите од овој бренд, така што дури 92% или поточно 729 испитаници, се изјасниле дека ги користат презервативите на Дурекс.

Исто така, голем број, односно 89% или 720 испитаници изразиле желба за поголема достапност до презервативи со продажба преку автомати и изразиле поддршка за поставување на автомати за презервативи на повеќе локации низ државата.

Со цел да добие што порелевантни информации директно од потрошувачите, aнкетата беше спроведена на национално ниво, анонимна и беа вклучени граѓани од сите возрасни групи, пол и занимање.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.