Децата полесно дехидрираат од возрасните | Внимавајте на овие симптоми

721

Со доаѓањето на потоплите денови и високите температури, децата се повеќе склони кон дехидрација, што може да има сериозни последици.

Педијатрите предупредуваат дека децата многу полесно дехидрираат од возрасните, поради што е важно да се посвети посебно внимание на зголемениот внес на течности доколку престојуваат на отворено или се занимаваат со некоја физичка активност.

Исто така, претходните проблеми со дехидрација, дебелина и неодамнешно заболување се дополнителни фактори на ризик.

Но, како можат родителите воопшто да препознаат дека нивното дете е дехидрирано?

Иако понекогаш се случува да ги игнорираат предупредувачките знаци, во повеќето случаи тие се видливи и лесно препознатливи.

Според експертите од Клиниката во Кливленд, ова се некои знаци на дехидрација на кои треба да внимавате кај децата:

  • сув јазик и усни
  • недостаток на солзи
  • помалку од шест мокри пелени дневно или неможност за мокрење
  • темна урина со непријатен мирис
  • сува и збрчкана кожа
  • бледо лице
  • длабоко, брзо дишење
  • замор
  • ладни раце и нозе.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.