Дали знаете зошто Холанѓаните немаат завеси на прозорците? Фото

1224

Иако Холанѓаните денес главно се декларираат како атеисти, калвинизмот некогаш радикално го смени начинот на размислување, поради што сè уште немаат завеси на прозорците.

Калвинизмот е насока на протестанството што ги постави темелите на холандското општество – дисциплина, трудољубивост и штедливост. И додека католиците веруваат во искупување, калвинистите веруваа дека судбината е предодредена од Бог.

Верникот ја докажува својата вера со самоконтрола и економска активност. Секој материјален луксуз е во спротивност со скромноста на калвинистите. Историски гледано, свештенството на врвот уживаше во придобивките од финансиската добивка, но секогаш зад затворени врати, и уште поважно, затворени завеси.

Напротив, калвинистичкиот менталитет се фокусираше на политиката на отворени врати, бидејќи никој нема што да крие и слично – прозорците се на „повелете“.

Денес, зградите во Амстердам се густо поставени, а прозорските стакла се поголеми отколку во повеќето европски градови. Една девојка од странство, која дошла да живее во Холандија, пишува дека и било непријатно што цело време се чувствувала како воајер и открива дека повремено мавтала со луѓето во становите, но тие не реагирале.

Потоа, на првото жешко лето, таа намерно продефилирала околу нејзиниот стан, исто така без завеси, во бикини, раскажала и за некои други „сомнителни активности“.

Никој од улицата ниеднаш не погледнал во нејзиниот прозорец или ако го погледнале – немало апсолутно никаква реакција.

Помладите генерации полека го фрлаат овој обичај во заборав.

CNN пишува дека откако имигрантите започнаа да пристигнуваат во Холандија, младите Холанѓани сепак сакаа поголема приватност (да, истите млади луѓе кои често споделуваат интимност на социјалните мрежи), па сега на нивните прозорци може да се забележат се повеќе завеси.