Дали светот е подготвен за автомобили без волан и педали за гас и сопирачки ? Фото/Видео

163

Zoox на Amazonсе подготвува јавно да лансира роботакси услуга со возила кои немаат волан, педали за гас сопирачки.

Автомобилите без возачи целосно контролирани од компјутери не се научна фантастика.

Вакви возила, односно роботакси, веќе се достапни на некои пазари, но во случајот на компании како Waymo и Cruise(која во меѓувреме го прекина развојот на автономната такси услуга), тоа се класични автомобили кои се надградени со технологија за автономно возење.

Кога велиме класични автомобили, мислиме на возила со предни седишта, волан, педали за гас и сопирачки и слично.

Но, наскоро патниците би можеле да се превезуваат со автомобил кој е дизајниран од самиот почеток исклучиво за автономно возење и во кој нема волан и не можете да притиснете гас или кочница, туку може да се контролира само со компјутер.

Станува збор за автономните возила на Zoox, компанија која Amazon ја презеде пред четири години и со која има големи планови. Тестирањето на нивните возила трае веќе некое време на четири локации во USA – Seattle, San Francisco, Foster City и Las Vegas.

Последните информации говорат дека денот на пуштање на официјалната услуга е се поблиску, но не се знае дали ќе ја има на сите споменати локации или ќе започне прво со еден град и во зависност од впечатоците на патниците, ќе ја прошири својата услуги понатаму.

Медиумите шпекулираат дека услугата најпрво би можела да биде лансирана во Las Vegas. Планот на Zoox вклучува голема флота од илјадници од овие возила на патиштата, а доколку се оди според планот, бројот на нивните возила постојано би се зголемувал.

Треба да се нагласи дека засега не се одвивало точно според планот и без проблеми, бидејќи автономните автомобили на Zoox доживеале две сообраќајни несреќи во кои поради нивното нагло кочење, моторите ги удриле во задниот дел од возилото.

Во тие несреќи немало сериозни повреди, но било доволно американската Администрација за безбедност на сообраќајот на автопатите да започне истрага за Zoox.

Со оглед на тоа што дел од жителите на американските градови се уште не се навикнале или не се приспособиле на автономни возила кои барем наликуваат на класични автомобили, прашање е како ќе прифатат ваква необична дизајнерска роботаксика која е развиена исклучиво како роботакси.

Извор: Tech Times