Дали имате главоболка? Наместо апчиња, пробајте го ова

1220

Олеснувањето на болката со оваа техника веќе се покажало како исклучително ефикасно.

Од „Hurt“ на Nine Inch Nails обработена од Johnny Cash до истоимениот сингл на Christina Aguilera од 2006 година до хитот на REM „Everybody Hurts“, болката, обично онаа емотивната, е вечна тема во песните.

Но, во исто време, музиката може да има терапевтски ефект, како вистински аналгетик за слушање, според истражувањето спроведено на  McGill University во Montreal.

Наодите, објавени во списанието Frontiers in Pain Research, сугерираат дека омилената музика создава емоционален одговор кој може да ја ублажи болката.

Слушањето омилени песни „може значително да го намали интензитетот на болката и непријатноста“, додека „непознатите песни немаат таков ефект“, открил водечкиот автор на студијата, Darius Valevicius, кој ги тестирал ефектите на серија мелодии на 63 луѓе.

  • Можеме грубо да процениме дека омилената музика ја намалува болката за еден поен на скала од десет, што е барем исто толку силно како лек за болка без рецепт, рече тој.

Научниците го тестирале ова со ставање на термичка средина на рацете на учесниците што го загреваше тој дел од нивното тело до степен на болка.

Испитаниците ги слушале песните што сами ги избрале, оние што ги избрале истражувачите, а на третата група не им пуштиле никаква музика.

Омилената музика што сами ја избрале учесниците во студијата имала многу поголем ефект врз намалувањето на акутната топлотна болка отколку релаксирачката, но непозната музика, рече Valevicius.

А претходните истражувања покажале дека музиката може да помогне во ублажување на физичката болка, депресијата и високиот крвен притисок.

Во 2012 година, Center for Pain Research на University of Utah објави хипотеза дека „музиката може да го оддалечи когнитивниот фокус од болката“, а некои претходни истражувања покажале дека со музика или музикотерапија може да се намали потребата за лекови до 50 проценти.