Да возиш ненаспан тоа ти е исто како да возиш пијан

535

Возењето по спиење, пократоктко од 5 часа, е исто толку опасно колку возењето во пијана состојба, покажуваат резултатите од новото истражување.

Британски експерти утврдиле дека возачите на кои им недостасуваат 1 или 2 часа спиење од препорачаните 7, го удвојат ризикот од сообраќајна несреќа.

Кај возачите, пак, кои имаат “заштедено” 2 до 3 часа спиење, ризикот од катастрофа отскокнуваа четворниошто е сразмерно со ризикот при возење по употреба на алкохол над дозволените вредности.

“Не може да си недоспиен и да очекуваш дека ќе си во максимално добра форма зад воланот. Истражувањето покажува дека возачите, кои спиеле помалку од 5 часа, е толку веројатно да направат катастрофа, колку и пијани возачи”, вели Дејвид Јанг, извршен директор на Фондацијата за безбедност на патиштата “ААА”.

Според последните податоци 1/3 од Британците возат автомобили по само 5 до 6 часа спиење. Според истражувањето ненаспаноста води до зголемување на нивото на стрес, до зголемена продукција на хормони, брза срцева активност и до зголемен крвен притисок.

Анализата на случаи на несреќи покажува дека кај луѓето кои спиеле само 4 часа, е 11 пати поголема веројатност да предизвикаат сообраќајка. Се смета дека ненаспаноста е причина за 1 на секои 5 патни инциденти на Островот, пишува Телеграф.