Честите грешки во миењето на забите

781

Миењето на забите е нешто што секој човек го прави секој ден. Но, сте размислиле ли зошто тоа може да не е ефикасно?

Забната хигиена бара одредени техники со кои ќе ја направиме квалитетна. Ако ги почитуваме ќе заштитиме забите и непцата од болести и неповратни последици.

Кои се најчестите грешки при миењето на забите?

Не ги четкате забите

Некои луѓе пропуштаат секојдневното миење на забите. Тоа е најголемата грешка. Категорично миењето на забите треба да се случува секој ден, барем по двапати. На овој начин ќе се заштитите од акумулација на бактерии, плакета и микроорганизми, расипување на забите и непцата.

Ја користите вашата четка за заби неправилно

Дури и да имате чувство дека ги четкате забите добро, тоа не е секогаш така. Многу луѓе ги четкаат забите само во една насока. Пропуштаат кружни движења, како и дијагонални со што се спречува квалитетното миење на забите и интерденталните простори.

За да се справите подобро со задачата, гледајте се во огледалото додека ги миете забите. Така не само што ќе ги контролирате полесно движењата, но и ќе добиете идеја дали сте успеале да минете со четката насекаде.

Погрешна техника

Ја споменавме погрешната техника. Важно е да го совладате квалитетното миење. Не е важно дали ќе четкате 3 минути или 1 – важно е како ќе го направите тоа. Држете ја четката под агол од 45 степени и наизменично четкајте напред-назад, странично, кружно и нагоре-надолу по целата површина на забите.

Не нагласувате на флуорид

Многу луѓе оддаваат повеќе значење на белината на забите, отколку на нивното здравје. Важно е да употребувате почесто паста за заби со флуор, а не таква за белење.

Флуорот е соединение кое ја зајакнува забната глеѓ, ги затегнува непцата и го намалува ризикот од појава на кариес. Следниот пат внимавајте во изборот на паста за заби.

Ги четкате забите во погрешно време

Една од најчестите грешки е миењето на забите веднаш по оброк. Ако се грижите дека остатоците од храна ќе ги расипат забите – немојте! Тоа не е точно.

Плунката има своја улога во усната шуплина. Таа го доразградува она што не сте можеле да го проголтате и што е останато по забите и меѓу нив. Покрај тоа, во плунката има супстанции, кои се доста агресивни и ако во моментот во кој тие дејствуваат почнете да ги четкате забите, тоа може да го оштети емајлот.

Најдобро е да се почека најмалку 30 минути по оброкот, за да ги измиете забите. Толку време е потребно на ензимите и материите во плунката да престанат да дејствуваат.

Задолжителното миење на забите е препорачливо да се случува 2 пати на ден – наутро за свежина и на вечер – за здравје. Миењето на забите по секој оброк не гарантира повеќе здравје.

Затоа придржувајте се најмногу кон миењето двапати дневно.

Не користите забен конец

Забниот конец е важен во чистењето на интерденталниот простор. Таму каде четката за заби не достигнува, достигнува конец. Затоа после секое миење користете и забен конец за поголема безбедност во квалитетот на хигиената.