Чорба од компири со пушена сланина

1491

Потребно

  • 1 голема главица кромид
  • 250 г пушена сланина
  • 2 ловоров лист
  • 2-3 големи компири
  • 1 праз
  • 375 г пченка од конзерва
  • 750 мл пилешка или зеленчукова супа
  • 500 мл полномасно млеко
  • црн пипер и сол по вкус

Подготовка

  • Во тенџере загрејте малку маслиново масло или путер и запржете го кромидот.
  • Кон него додадете сецкана сланина и ловоров лист.
  • Исечете ги компирите на мали парчиња, како за супа и ставете сланина и кромид.
  • По 2-3 минути може да додадете и сецкан праз.
  • Кога празот ќе подомекне, ставете исцедена пченка и малку сол.
  • Конечно дотурете вода / супа.
  • Кога супата ќе се згусне малку може да го додадете и млекото.
  • Супата е подготвена за сервирање кога компирот е целосно варен и конзистенцијата ѝ е густа.