Здравите бубрези се предуслов за целокупното здравје, односно слабата функција на бубрезите може да доведе до голем број здравствени проблеми во организмот, затоа е важно да се има предвид дека некои штетни навики можат многу негативно да влијаат на нивното здравје.
Овие се најчестите навики кои можат да го влошат здравјето на нашите бубрези:
1. Премногу сол
Внесувањето на сол треба да биде ограничено. Ова не значи дека при готвење свежа храна, воопшто не треба да додаваме сол, бидејќи нема потреба храната да биде без вкус. Сепак, треба да се ограничите на мали количини сол, односно да избегнувате претерување – вели др. Иван Грубичиќ, специјалист по урологија.
Кога готвите свежа храна дома, додајте зачини за да ја намалите потребата за солење и обидете се да ја ограничите индустриски обработената храна на минимум, бидејќи таквата храна често содржи големи количини сол – предупредува др. Грубишиќ.
Премногу натриум или сол во преработената храна не само што е лошо за срцето, туку може да доведе и до проблеми со бубрезите. Ако јадете премногу сол, вашето тело ќе ве охрабри почесто да уринирате, така што солта ќе се „измие“ од телото, но исто така повлекува резерви на калциум.
Од друга страна, вишокот на калциум во урината го зголемува ризикот од појава на камења во бубрезите, вели нефрологот др. Џејмс Симон.
Проценките покажуваат дека луѓето во просек јадат двојно повеќе сол отколку што е препорачано. Така, дозволената количина на сол е околу 6 грама, што одговара на една кафена лажичка, додека просечното внесување е околу 11,6 грама или околу две лажички.
Треба да се земе во предвид солта што ја додавате при подготовка на храна, како и целата „скриена“ сол содржана во преработената храна. Проверете колку сол внесувате, можеби ќе се изненадите. И обидете се да ја прилагодите количината на сол што ја консумирате.
Продолжува на страна 2



















