Без измислици и налудничави препарати | 8 природни начини за справување со проширени вени

6521

Според студиите, околу 25% од возрасните страдаат од проширени вени.

Овие потечени вени, кои се со виолетова или сина боја, се резултат на долго стоење, бременост, хормоналниот дисбаланс, прекумерна тежина, дефицит на хранливи материи или генетски фактори.

Важно е да забележите и најмали симптоми на зголемени вени пред да се здружат со болката, тежината во нозете и чешањето. Некои од намирниците кои лесно можат да се најдат во секоја кујна, можат да бидат одличен лек за истегнување на ѕидовите на крвните садови и да ја поправат циркулацијата на крвта.

Ова се 8-те едноставни, но ефикасни методи и спречете понатамошна прогресија на проширените вени.

1. Јаболков оцет

Благодарение на анти-воспалителните својства, јаболковиот оцет е одличен третман за проширени вени. Го намалува отокот и ја подобрува циркулацијата на крвта.

– Натопете парче памучна вата или парче ткаенина во јаболков оцет измешан со вода во ист размер
– Ставете ја ватата врз вените и оставете ја 20-30 минути
– Исплакнете со вода
– Повторете ја постапката два пати на ден

Можете да нанесете чист јаболков оцет на кожата и нежно да масирате. Направете го тоа секое утро и вечер додека не видите позитивни резултати. Избегнувајте премногу да притискате додека ја масирате кожата.

2. Лук, сок од портокал и маслиново масло

Лукот содржи супстанција наречена алицин која го спречува воспалението на крвните садови. Се користи за отстранување на штетните токсини од телото и за подобрување на вашето општо здравје. Лукот прави чуда во комбинација со сок од портокал и маслиново масло.

– Истискајте 4 чешниња и измешајте ги со свежо исцеден сок од 3 портокали.
– Додадете 2 лажици маслиново масло во смесата.
– Оставете ја да отстои 12 часа пред да ја користите.
– Нанесете ја смесата на вените околу 15 минути со кружни движења сѐ додека не се апсорбира целосно во кожата.
– Повторувајте секој ден.

Можете да ја завиткате површината со ткаенина и да ја оставите околу 15 минути за да ја намалите големината на вените. Се препорачува да го вклучите лукот и во вашата исхрана.

3. Магдонос

Ова е една од најкорисните намирници за третман на проширени вени. Магдоносот е богат со витамин Ц, кој ги зајакнува капиларите, а со тоа и ја намалува болката и непријатноста предизвикана од проширените вени.

– Исечете цела дланка магдоносот и натопете го во вода.
– Варете го 5-7 минути и почекајте да се олади.
– Додадете малку од есенцијално масло.
– Натопете влошка и ставете ја на погодените делови.
– Направете го ова два пати на ден сѐ додека сините и црвените линии на нозете не се повлечат.

Нека ви стане навика да додадете магдонос во јадењата за зајакнување на имунолошкиот систем.

4. Хамамелис (американска леска)

Ова растение е еден од најдобрите лекови за различни кожни болести, вклучувајќи и отечени вени. Таа содржи танини и масла кои ја обновуваат структурата на вените.

– Земете парче ткаенина или парче вата и потопете го во хамамелисот.
– Оставете ја ватата на погодените делови 10-15 минути.
– Повторувајте 2-3 пати на ден еден месец сѐ додека не забележите позитивни резултати.

5. Зелка

Листовите од зелката се одличен извор на витамини, влакна, магнезиум, калциум и калиум кои се многу корисни за вашето здравје. Овие високо хранливи состојки, исто така, помагаат да се намалат потечените вени.

– Исечете ги лисјата од зелка и блендирајте ги
– Додадете малку вода за да направите убава паста
– Нанесете ја пастата на погодените делови
– Покријте со памучна крпа и оставете ги 2 часа
– Исплакнете со вода
– Повторувајте го процесот еден месец

6. Ѓумбир

Ѓумбирот е уште еден одличен лек за проширени вени. Благодарение на неговата антиоксидантна природа, помага да се намали ризикот од појава на проширени вени. Исто така, го раствора крвниот протеин наречен фибрин и ја подобрува циркулацијата. Редовното консумирање на чај од ѓумбир може значително да придонесе за брзо обновување на вашите вени.

– Исечете свеж ѓумбир на парчиња
– Ставете ги во чаша варена вода
– Оставете 10 минути
– Процедете ја водата и додадете малку мед
– Уживајте во чајот 2-3 пати на ден

7. Маслиново масло и витамин Е

Комбинацијата на овие состојки ќе го олесни чувството на тежина и ќе ја направи кожата мека и еластична.

– Измешајте во еднакви делови маслиново масло и витамин Е
– Загрејте ја смесата на ниска температура
– Нанесете ја на кожата и масирајте со движења нагоре неколку минути
– Повторувајте еднаш или два пати на ден два месеци

Алтернативно, можете да измешате 2 лажички маслиново масло со 4-5 капки масло од чемпрес. Промешајте добро и масирајте ги нозете. Ќе видите резултати за една до две недели.

8. Алое вера, морков и јаболков оцет

Алое Вера е позната по своите хранливи и антиинфламаторни својства. Мешавина на алое, морков и јаболков оцет е веројатно еден од најефикасните домашни лекови за намалување на потечени вени и болка. Ви требаат 3 листови алое, моркови и половина чаша јаболков оцет.

– Отстранете го гелот од кората на алоето
– Измелете морков во блендер и измешајте го со алое-гелот
– Додадете половина чаша јаболков оцет за да добиете мазна, хомогена паста
– Нанесете ја пастата на проширени вени, оставете 30 минути и исплакнете

Се препорачува и да се примени пред спиење и да се остави преку ноќ. Исплакнете со ладна вода следното утро.

9. Бонус

Освен гореспоменатите лекови, исто така, се препорачува да се направат некои промени во начинот на живот и исхраната за долгорочен ефект.

  • Редовно практикувајте физичка активност како пливање, одење или јога. Колку повеќе се движите, толку подобра е циркулацијата на крвта што ќе го спречи нејзиното собирање во оштетените вени.
  • Конзумирајте храна богата со витамини C и E која делува како антиоксиданс и го зајакнува имунолошкиот систем.
  • Користете чорапи за компресија за да ги одржите вените во правилна положба и да го намалите притисокот врз нив.
  • Избегнувајте да носите тесна гардероба и високи штикли долго време.

Image source: brightside.me