АКО НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ / Додавањето на овој зачин во исхраната го намалува ризикот од шест болести | Но колку и да е здрав, може да предизвика и здравствени проблеми

1166

5. Може да спречи бактериски и габични инфекции

Студиите од епрувети спроведени минатата година покажуваат дека маслото од цимет може да помогне да се убијат одредени габи кои предизвикуваат инфекции на респираторниот тракт.

Развојот на одредени бактерии како листерија и салмонела, исто така, може да се спречи, а дополнителна студија во епрувета покажа дека зачинот може да помогне и во спречување на расипување на забите. Стоматолозите велат дека заболувањето на непцата може да доведе до голем број смртоносни болести кои влијаат на срцето, мозокот и белите дробови.

Во меѓувреме, салмонелата и листеријата се видови на бактерии кои можат да предизвикаат труење со храна, во многу ретки случаи тие можат да бидат фатални ако заразат доенчиња, постари возрасни лица или луѓе со компромитиран имунолошки систем.

6. Може да заштити од одредени вируси

Некои студии покажаа дека циметот може да помогне во заштитата од одредени вируси, како што се грипот и вирусните инфекции што ги пренесуваат комарците, но потребни се повеќе испитувања на луѓе за да се потврдат овие ефекти.

Се советува да не се јаде премногу цимет одеднаш бидејќи може да предизвика проблеми со дишењето или рани во устата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.