АКО НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ / Додавањето на овој зачин во исхраната го намалува ризикот од шест болести | Но колку и да е здрав, може да предизвика и здравствени проблеми

1129

Веројатно добро сте запознаени со зачинот, кој често се наоѓа во божиќните деликатеси и дава посебна нота на различните јадења.

Се работи за циметот.

Зачинот е ценет поради неговите лековити својства илјадници години, а модерната наука сега почнува да ги тестира неговите потенцијални придобивки. Лекарите не го препорачуваат за лекување на какви било здравствени проблеми, но истражувањата покажаа дека моќниот зачин е полн со антиоксиданси и може да му помогне на вашето тело да се бори против инфекции, вируси, срцеви заболувања, па дури и рак.

Иако циметот е широко достапен во повеќето супермаркети, според Healthline постојат две сорти од зачинот: цејлонски цимет – познат како „вистински“ цимет и cassia цимет, кој е најчест.

Еве седум научно докажани здравствени придобивки од циметот.

1. Помага во намалување на шеќерот во крвта

Циметот е добро познат по своите својства за намалување на шеќерот во крвта бидејќи може да го намали количеството шеќер што влегува во крвта по оброкот со забавување на разградувањето на јаглехидратите во вашиот дигестивен тракт, според истражувањето објавено во 2020 година.

Во меѓувреме, една студија објавена во 2022 година тврди дека циметот може да има корисен ефект врз луѓето со дијабетес тип 2, бидејќи може да ги имитира ефектите на инсулинот за да го подобри навлегувањето на шеќерот во клетките.

Високиот шеќер во крвта, познат како хипергликемија, може да влијае на луѓето со дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2, како и бремени жени со гестациски дијабетес. Третманот за дијабетес има за цел да го одржи нивото на шеќер во крвта што е можно поблиску до нормалата, бидејќи нивото што е превисоко може да доведе до сериозни здравствени проблеми ако не се лекува.

2. Може да заштити од срцеви заболувања

Консумацијата на зачинот е поврзана со намален ризик од срцеви заболувања. Едно истражување покажа дека 3/4 од една кафена лажичка дневно може да го намали нивото на лошиот холестерол во крвта.

Исто така, докажано е дека циметот го намалува крвниот притисок доколку се консумира најмалку осум недели. Премногу липопротеини со висока густина, или „лошиот“ холестерол, предизвикува таложење на масни наслаги во ѕидовите на крвните садови, стеснувајќи ги со текот на времето и зголемувајќи го ризикот од срцев или мозочен удар, според British Heart.

Но, високиот крвен притисок – познат како хипертензија – може да предизвика оштетување на артериите, ставајќи ве во ризик од истите смртоносни состојби.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2