НЕ СМЕ САМИ ! Поранешен разузнавач предал доверливи информации за постоењето на вонземјани

868

Свиркачот и поранешен разузнавач  David Grush му предал доверливи информации на американскиот Конгрес за тајни програми за кои тој тврди дека Пентагон пронашол „нечепнати или делумно нечепнати авиони“ кои не се создадени од човекот.

Во неговата жалба се наведува дека доказите за вонземска технологија биле незаконски задржани од конгресниот надзор од страна на разузнавачката заедница за „намерно да се фрустрира надзорот на Конгресот на програмата UAP“. Grush додал дека бил предмет на одмазда за неговите откритија.

Тој тврди дека се пронајдени фрагменти од „егзотично потекло (нечовечка интелигенција, вонземско или непознато потекло)“, пренесува Танјуг.

Неговите наводи ги потврдил и друг разузнавач, Jonathan Gray, кој истражувал НЛО.

– Феноменот на нечовечка интелигенција е реален. Не сме сами, рече Gray и додаде дека тоа е глобален феномен, но дека глобалното решение сè уште ни бега.

 David Grush е 36-годишен американски ветеран кој бил член на Работната група за неидентификувани летечки објекти, а од 2019 до 2021 година служел како претставник на Националната канцеларија за извидување, една од петте големи американски разузнавачки агенции.

Во април оваа година тој ја напуштил американската администрација.