Многумина ќе се изненадат | Нова студија открива кои типови на исхрана се најздрави и кои имаат најмалку емисии на јаглерод

904

За оние кои се придржуваат до кето или палео диета, информацијата која следи ќе им преседне.

Една нова студија од Tulane University во USA, споредувајќи ги популарните диети за квалитетот на исхраната и влијанието врз животната средина, покажа дека кето и палео диетите се меѓу најниските во севкупниот квалитет на исхраната и меѓу највисоките во емисиите на јаглерод.

Во гореспоменатото истражување, се проценува дека кето диетата, која фаворизира големи количества масти и мала количина јаглени хидрати, создава речиси 3 кг јаглерод диоксид на секои 1000 потрошени калории. Палео диетата, која ги избегнува житарките и гравот во корист на месото, јаткастите плодови и зеленчукот, ја доби следната најниска оцена за квалитет на исхраната и исто така има висок јаглероден отпечаток, со 2,6 килограми јаглерод диоксид на 1.000 потрошени калории.

Резултатите од студијата се добиени со помош на податоци од повеќе од 16.000 диети на возрасни Американци собрани од Националното истражување за здравствени и нутриционистички испитувања на CDC (Центар за контрола на болести). На индивидуалните диети им биле доделени поени врз основа на американскиот федерален индекс за здрава исхрана, а просечните резултати биле пресметани за оние кои јаделе секој тип на диета.

„Се сомневавме… но никој не ги споредил сите тие диети“

Иако научниците веќе ги испитале нутритивните ефекти на кето и палео диетите, ова е прва студија за мерење на јаглеродниот отпечаток на секоја од овие диети и споредување со други вообичаени диети, објаснува Diego Rose, професор и директор на програмата за исхрана во Tulane Универзитетот и коавтор на студијата, која е објавена во научното списание The American Journal of Clinical Nutrition.

  • „Се сомневавме на негативни климатски влијанија бидејќи тие се фокусирани на месото, но никој не ги споредил сите овие диети“, рече Rose.

Најдобри резултати имаат веганите, вегетаријанците и пескатаријанците

На другиот крај на спектарот, се покажа дека веганската исхрана има најмало влијание врз климата, која произведува само 0,7 кг јаглерод диоксид на 1.000 потрошени калории, што е помалку од една четвртина од емисиите на јаглерод од кето диетата. По веганската исхрана, следеа вегетаријанската и пескатаријанската диета, како следни со најмали емисии на јаглерод. Од трите штотуку споменати диети, пескатаријанската диета постигна највисока оценка за квалитет на исхрана меѓу анализираните диети, а веднаш зад не се вегетаријанската и веганската исхрана.

Што е со таканаречените сештојади?

За оние кои едноставно јадат сè и разновидно, најчестата диета, која ја застапуваа 86 отсто од учесниците во истражувањето, резултатите покажале дека нивниот начин на јадење храна е токму на средината на квалитетот и одржливоста. Резултатите од студијата сугерираат дека ако една третина од сештојадите кои се на диета почнат да јадат вегетаријанска исхрана, тоа во просек би било еквивалентно на елиминирање на емисиите на јаглерод од 544 милиони километри патнички возила, на дневна основа.

Резултатите, исто така, откриле дека кога сештојадите се одлучиле за медитеранска исхрана, која е базирана на растенија, или за верзии на диетата DASH со ограничување на масното месо, тие ги намалиле емисиите на јаглерод и ги подобриле резултатите за квалитетот на исхраната.

„Постои начин да го подобрите вашето здравје и јаглеродниот отпечаток без целосно откажување од месото“

„Климатските промени несомнено се еден од најгорливите проблеми на нашето време и многу луѓе се заинтересирани да се префрлат на растителна исхрана. Врз основа на нашите резултати, ова ќе го намали вашиот отпечаток и ќе ве направи поздрави во целина. Нашето истражување исто така покажува дека постои начин да го подобрите вашето здравје и јаглеродниот отпечаток без целосно да се откажете од месото“, рече Rose.

Студијата од 2021 година, поддржана од ОН, покажа дека 34 отсто од емисиите на стакленичките гасови доаѓаат од системот на храна. Повеќето од овие емисии доаѓаат од производството на храна, при што говедското месо е одговорно за 8-10 пати повеќе емисии од производството на пилешко и над 20 пати повеќе од производството на јаткасти плодови и мешунки.

Иако влијанијата на одредени видови храна врз животната средина се опширно проучувани, Rose ја истакнува важноста на новата студија бидејќи гледа како поединците избираат популарни диети кои се состојат од широк спектар на храна.

Мислам дека следното прашање е како различните политики би влијаеле на резултатите и како би можеле да не придвижат кон поздрава, поеколошка исхрана?, рече тој на крајот.