Вистината за супата од кесичка | Овие состојки се повод за сериозни болести

887

Супи од кесички – така е, имаат безброј предности, лесни се за подготовка, многу вкусни, доволно солени, но дали некогаш сте се запрашале од што се прави прашокот во кесичката за супа и колку всушност ваквите супи се здрави за нашиот организам?

Совршениот, препознатлив вкус на супата од кесичка во повеќето случаи доаѓа од вештачки засилувачи на вкус, адитиви со ознака E620-E635, кои се додаваат со цел да се зголемат аромите присутни во преработениот производ. Благодарение на овие супстанци, супите добиваат вкус што нè мами повторно да дадеме пари за таа супа, а тоа е она што му користи на производителот, но не и за нашето тело, открива Христина Лазаревиќ, магистер по фармација и креатор на апликацијата „Avoid Additives“ (Избегнувајте адитиви).

Адитивите кои се наоѓаат во супата од кесичката немаат корист за нашето здравје, а некои од нив можат да имаат несакани ефекти, како што е невротоксичност. Невротоксините се невролошки штетни материи, кои можат негативно да влијаат на ткивото во развојниот период, како и на веќе зрелиот нервен систем.

За да избегнете адитиви со потенцијално невротоксично дејство во супата, важно е да бидете внимателни при изборот на кесичката за супа и да го прочитате составот на супата, кој е наведен на задниот дел од кесичката.

Официјално, засилувачите на вкус што можат да се најдат во супите од кесички се поделени во 3 групи:

  • Глутаминска киселина и нејзините соли (E620-E625)
  • Гванилна киселина и нејзините соли (E626-E629)
  • Иносинска киселина и нејзините соли (E630-E635)

Со оглед на тоа што производителот на супата при прецизирањето на составот не е должен да стави лесно препознатлива ознака и број „Е“ (пр. E621, E623, E626…), наместо ознаката „Е“ може да го напише целото име на додадениот додаток, кој многу често не е познат.

Токму поради оваа причина, подолу ви оставаме список на адитиви, кои може да се најдат во супите од кесички, а кои, покрај невротоксичноста, потенцијално можат да имаат несакани ефекти како забрзано чукање на срцето, чести главоболки, бронхоспазам, чувство на слабост и разни невролошки заболувања (мултиплекс склероза, Паркинсонова болест, Алцхајмерова…).

• E620 – Глутаминска киселина
• E621 – Мононатриум глутамат
• E622 – Монокалиум глутамат
• E623 – Калциум диглутамат
• E624 – Моноамониум глутамат
• E625 – Магнезиум фдиглутаминат
• E626 – Гванилна киселина
• E627 – Динатриум гванилат
• E628 – Дикалиум гванилат
• E629 – Калциум гванилат
• E630 – Иносинска киселина
• E631 – Динатриум иносинат
• E632 – Дикалиум иносинат
• E633 – Калциум динозинат
• E634Калциум -5′-дирибонуклеотиди
• E635 – Динатриум -5′-рибонуклеотиди

Освен горенаведените адитиви (E620-E635), не сакаме ниту малтодекстрин, палмино масло, соја лецитин, гликозен сируп, ниту вештачки бои во супата. Најчестата вештачка боја која се додава на супите од кесичките е E150a (обична карамела), која во денешно време најчесто се произведува од ГМО (генетски модифицирани суровини) чии ефекти врз телото сè уште не се доволно тестирани. Кај некои луѓе оваа вештачка боја може да биде поттик за развој на алергиски реакции (атопичен дерматитис, егзема, уртикарија).

На крај треба да запомниме!

Супите се здрави, но домашните супи, направени од моркови, магдонос, лук, целер, пашканат, супи кои се богати со витамини и минерали.

Кога правиме супа од прав, во повеќето случаи добиваме само вештачки обоена течност за хидратација богата со адитиви, која многу често може да ја наруши нашата здравствена рамнотежа на организмот.