Спектакуларното лансирање на најголемата ракета на НАСА не успеа | Видео

1386

Големиот чекор кон враќањето на Американците на Месечината се сопна на првата пречка.

Се случи она што сите се плашеа. Откако се појави информацијата за „пукнатината“ што ја истражуваа инженерите на НАСА непосредно пред лансирањето на ракетата Артемида I, стигна и конечната потврда: лансирањето се откажува, пренесува АП.

Според првите најави, следниот обид за лансирање треба да се случи во петок.

Да потсетиме, ракетата Space Launch System или Artemis I требаше да полета денеска наутро со три пробни кукли на својот прв лет. Тоа требаше да биде првиот голем чекор кон враќање на Американците на Месечината, првпат од крајот на програмата Аполо пред 50 години.

НАСА се надева дека ќе испрати четворица астронаути околу Месечината во 2024 година и ќе слета човечки екипаж во 2025 година.

Но, надежта последна умира…