Идеалните трикови за ладење зависат многу од околностите, така што вентилаторот може да донесе олеснување во еден момент, а во друг момент да ја забрза дехидрацијата.
Високите температури не принудуваат да се разладиме на сите можни начини, но не сме ни свесни за опасноста што ни се заканува.
1. Ладен или топол пијалак?

Има многу полемики за тоа каков пијалак треба да пиеме за време на неподносливи горештини. И покрај тоа што ниту научниците не се согласиле едногласно, повеќето од нив сепак потврдуваат дека е подобро да се пијат топли напитоци во многу топли денови. Биле спроведени студии каде луѓето прво вежбале напорно, а потоа им била мерена внатрешната телесна температура додека пиеле ладни или топли пијалаци.
Докажано е дека ладните пијалаци се најефективни за ладење на телото. Но, последователно се покажало дека топлите пијалаци подобро го ладат целото тело поради реакцијата на потта. Но, постои и ситуација кога топлите пијалаци не помагаат – ако има многу висока влажност во воздухот или ако носите толку многу облека што потта не може да испари. Во овие случаи придржувајте се до ладните пијалоци, пренесува Би-Би-Си.
Продолжува на страна 2



















