Првиот заеднички портрет на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт | Фото/Видео

1431

Портрет на војводата и војвотката од Cambridge е изложен во University of Cambridge’s Fitzwilliam Museum, каде што двојката била во посета.

Сликата е дело на наградуваниот мајстор за портрети Jamie Coreth, а е нарачана во 2021 година од Cambridgeshire Royal Portrait Fund. На портретот се гледаат Kate и William како стојат еден до друг и гледаат надесно.

Принцот William носи црн костум со светла кошула и тиркизна вратоврска, додека Kate носи смарагден фустан, чевли од Маноло Бланик со пар бисерни обетки.

Кралската двојка се сретнала со Корет во четвртокот зна откривање на портретот.

„Тоа е прилично голем портрет и изгледа неверојатно!“, рекол принцот William, пренесува РТС.

И војводата и војвотката студирале историја на уметност на St Andrews University, иако William подоцна се префрлил на географија.

Coreth работел на инкорпорирање на мотивот на Cambridge во портретот со сликање на позадината со тонови и бои на многу историски градби кои се синоним за него. Тој рече дека работата на портретот била „најнеобичната привилегија во животот и фактот што бил избран да слика“.

Jamie Coreth

„Сакав да го покажам нивното кралско височество на начин што изгледа опуштено и достапно, како и елегантно и достоинствено. Бидејќи ова е првиот портрет што ги прикажува заедно, особено во време кога тие се војвода и војвотка од Кембриџ, сакав сликата да предизвика чувство на рамнотежа помеѓу нивниот јавен и приватен живот“, рече уметникот.

Граѓаните ќе можат да го видат портретот во Fitzwilliam Museum во период од три години, по што уметничките дела ќе бидат изложени во други општествени простори и галерии низ Cambridge.

Сликата ќе и биде позајмена и на Националната галерија на портрети на кратко во 2023 година за да го одбележи повторното отворање на галеријата. Инаку, откривањето на портретот се случува во моментот кога се шпекулира дека семејството планира да се пресели од Лондон во Беркшир.

Според извештајот на Sunday Times, принцот William, Kate и нивните три деца се подготвуваат да ја направат куќата на имотот на кралицата во Виндзор нивната примарна резиденција. Семејството ќе ја задржи палатата Кенсингтон како свој дом во Лондон.