ФАСЦИНАТИВНА МИСТЕРИЈА | Откриен нов мистериозен сигнал од вселената: Се повторува, а научниците се во чудо

2512

Брзите изливи на радио бранови се една од најфасцинантните мистерии во космосот.

Тие се исклучително моќни, некои ослободуваат повеќе енергија од 500 милиони Сонца и траат помалку од трепкањето на окото. Но, тие уште се помистериозни ако се повторуваат.

Новооткриениот повторувачки извор на брзи изливи на радиобранови (FRB) дополнително ја продлабочува мистеријата за тоа што точно може да ги произведува овие сигнали.

FRB 190520B првпат беше откриен во 2019 година, а сега е откриено дека често емитува рафали на моќни радио бранови во траење од една милисекунда, пишува Science Alert. Ова им овозможува на научниците да анализираат и да откријат од каде доаѓаат, како и да откријат детали за животната средина во вселената. Се чини дека има повеќе од еден механизам во универзумот за овие енергетски изливи.

Брзите исфрлања се релативно чести

Брзите изливи на радио бранови се една од најфасцинантните мистерии во космосот. Тие се исклучително моќни, некои ослободуваат повеќе енергија од 500 милиони Сонца и траат помалку од препкањето на окото. Една од најважните карактеристики на овие сигнали е тоа што тие се краткотрајни и непредвидливи. Тие обично се појавуваат ненадејно на некој дел од небото и траат само неколку милисекунди. Повеќето од нив доаѓаат од други галаксии, само еден извор е откриен во Млечниот Пат.

Повторливите FRB, односно кога тоа не е само еден интервал, туку неколку по ред, се многу ретки и особено го привлекуваат вниманието на научниците. Некои од повторливите FRB се јавуваат периодично, во редовни интервали, на секои неколку дена или месеци. Досега се откриени три повторливи извори на брзи радио бранови.

Доаѓа од делот на исконскиот космос

Сигналот од FRB 190520B пристигнал на Земјата во мај 2019 година, снимен од радио телескопот FAST во Кина, а последователните набљудувања покажуваат дека тој се повторувал и доаѓал од работ на многу стара џуџеста галаксија, оддалечена речиси четири милијарди светлосни години. И се чини дека емитува послаби радио емисии помеѓу радио брановите, што пак покажува дека брзите радио рафали доаѓаат од компактен и стабилен радиоизвор, чија природа е непозната.

Слична е ситуацијата и со повторливиот FRB 121102. Ова е првиот FRB откриен од каде доаѓа – од многу стара џуџеста галаксија оддалечена три милијарди светлосни години.

Магнети како извор?

„Сега имаме два такви FRB, што покренува многу прашања“, рече астрономот Casey Law од Caltech.

На пример, сите брзи изливи на радио бранови може да се повторуваат, но нивните емисии се премногу ниски во енергија и не можат да се снимат. Научниците веруваат дека може да има најмалку два различни механизми зад појавата на FRB: изливите се емитираат од различни објекти или се емитирани од ист тип на објект во различни фази од неговата еволуција.

Магнетарите се вид на неутронска ѕвезда која настанала откако масивна ѕвезда се распаднала и станала супернова и која има исклучително силно магнетно поле. Можно е нормалните неутронски ѕвезди и магнети да испуштаат FRB на различни начини.

Понатамошната анализа на податоците покажала дека можеби една карактеристика на FRB не е толку корисна во мерењето на растојанието како што претходно се мислело. Тоа е мерка за дисперзија, односно начинот на кој светлината се расфрла низ гасот помеѓу нас и изворот. Брановите со поголема фреквенција патуваат поефикасно од пониските бранови и ова може да се користи за мерење на растојанието.

Дисперзијата ја открива средината во која настанале

За FRB 190520B, мерката за дисперзија сугерира дека изворот е оддалечен од 8 до 9,5 милијарди светлосни години. Но, други мерењата на растојание покажале дека галаксијата е многу поблиску до нас.

„Ова значи дека има многу материјал во близина на FRB и дека околу изворот што се повторува има плазма, што е во согласност со карактеристиките на неодамна формираната супернова. Без оглед на изворот, таа е формирана неодамна“, рече астрофизичар Kshitij Aggarwal од Универзитет во West Virginia.

Астрономот Di Li од Националната астрономска опсерваторија на Кинеската академија на науки верува дека FRB 121102 и FRB 190520B веројатно ја претставуваат почетната фаза на еволуцијата на популацијата на FRB.