Дали сте пробале?
Дури и во најстресните ситуации, неколку секунди може да бидат од најголема важност, а проблемот може да се реши со тоа што нема да направите голема грешка и да одговорите на „првата топка“.
Дали некогаш сте размислувале што би се случило доколку прво направете кратка пауза од неколку секунди пред да решите било каков проблем, без разлика колку е непријатен?
Писателот Mel Robins во својата книга „Правилото на 5 секунди“ објаснува како за 5 секунди можете да си го направите животот полесен и подобар. Оваа едноставна и ефикасна техника сугерира да броите од 5 до 1 кога треба да започнете да правите нешто што не ви се допаѓа.
На пример, кога ќе заѕвони алармот, наместо да го одложувате како што прават многумина, избројте 5-4-3-2-1 во себе и потоа само станете.
Можеби изгледа смешно, но многумина кои го испробале правилото од 5 секунди кои не се пријатни во многу моменти од животот, изјвиле дека функционира! Оваа книга опишува стотици начини на кои луѓето го користат правилото од 5 секунди за да го подобрат својот живот, и сите тие навистина мотивираат. Тоа е едноставна идеја, но навистина функционира од две причини:
Прво, кога броите од 5 до 1, се подготвувате за некоја акција, да завршите нешто.
Кога ќе кажете 1, тоа е исто како да си кажете „Започни“ или „Тргни“. Одбројувањето често го поврзува човечкиот мозок со акција. Друга причина е тоа што не сакате да се лажете себеси. Кога ќе кажете дека ќе дејствувате на крајот од броењето 5-4-3-2-1, ќе се чувствувате мотивирани да започнете. Овој поттик е доволен за да се потрудите и да почнете да работите нешто.
Можете да го користите правилото од 5 секунди во различни животни ситуации. На пример, кога ќе решите да ги исфрлите шеќерите, а потоа ќе помислите да си купите чоколадо во супермаркет, избројте 5-4-3-2-1 и можно е да се откажете.
Или, кога ќе се изнервирате и сакате да им викате на децата, искористете го правилото од 5 секунди и изливот на гнев ќе помине, па можете да дејствувате смирено. Или, кога треба да телефонирате, а не сакате, искористете 5 секунди.



















