НАСА има план да лансира слики од голи луѓе во вселената со надеж дека ќе привлече вонземски цивилизации, пишуваат британските и американските медиуми.
Освен прикажување голи луѓе, научниците од американската вселенска станица планираат да испратат и повик до интелигентните суштества во вселената со цел конечно да воспостават контакт. Научниците сметаат на фактот дека „актите“ нема да ги шокираат членовите на другите цивилизации.
Мажот и жената ќе мавтаат за да изгледаат многу попривлечни за цивилизациите во вселената, додадоа научниците кои го претставија изгледот на мажот и жената што ќе ги испратат во вселената како дел од проектот „Светилник во вселената“.
Како што прецизираат, тоа нема да бидат вистински фотографии, туку цртежи на гол маж и гола жена, кои ја прикажуваат структурата на човечката ДНК.

„Главната цел на проектот е да се испрати порака до сите цивилизации кои би можеле да постојат во вселената за да се воспостави контакт со нив“, велат научниците.
Тие потсетија дека ова не е нова идеја и дека пред половина век во вселената биле испратени чинии со голи луѓе со вселенските летала Пионир 10 и Пионир 11, кои и денес патуваат низ галаксијата. Во новиот проект, научниците ќе се обидат да покажат и гравитација и да очекуваат дека вонземјаните ќе ги разберат сите бинарни пораки, бидејќи веруваат дека бинарното претставување е веројатно универзално.
„Бинарната форма е наједноставниот облик на математиката, бидејќи вклучува само две спротивставени состојби: нула и еден, да или не, црна или бела, маса или празен простор“, сметаат во НАСА, пренесува Танјуг.
Предложената порака вклучува основни математички и физички концепти за воспоставување универзален начин на комуникација придружена со информации за биохемискиот состав на животот на Земјата, временски означената позиција на Сончевиот систем на Млечниот Пат во однос на познатите глобални параметри, како што се дигитализираните претстави на Сончевиот систем и површината на Земјата.
Студијата на Универзитетот во Нотингем, која ги разгледува можностите за пронаоѓање на вонземски живот, проценува дека би можеле да делиме галаксијата со повеќе од 30 интелигентни вонземски цивилизации.



















